Единаесет лица биле вклучени во физичка пресметка на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, настанот бил пријавен на 3 јуни во 23:04 часот во СВР Скопје како нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка во која учествувале повеќе лица.
Во инцидентот тешко биле повредени две лица на возраст од 35 и 37 години. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.
Во врска со случајот, полициски службеници привеле 11 лица од Скопје, за кои се преземаат понатамошни мерки и активности.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
Деск
МАСОВНА ТЕПАЧКА: 11 ЛИЦА СЕ ТЕПАЛЕ, ДВАЈЦА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ПРЕНЕСЕНИ НА КЛИНИКА!
1 Min Read
Previous ArticleВЛАДАТА ГО ИСПРАЌА ФЕТАИ ВО БРИСЕЛ?!

