Легендарниот американски електронски уметник Moby ќе одржи голем концерт во Белград на 21 јули 2026 година, на една од најатрактивните локации во регионот – Долниот град на Калемегданската тврдина.
Настапот е најавен како спектакл под отворено небо, со почеток околу 21:00 часот, каде публиката ќе има можност да ужива во уникатна атмосфера на спој меѓу музика и историски амбиент.
Организаторите најавуваат дека концертот ќе претставува дел од новиот концепт на живи настапи на Moby, во кој се комбинираат неговите безвременски хитови, подлабоки песни од кариерата и нови аранжмани што ги спојуваат емоцијата и современиот електронски звук.
Публиката може да очекува изведби на неговите најпознати композиции како „Porcelain“, „Natural Blues“ и „Why Does My Heart Feel So Bad?“, кои во изминатите децении станаа симболи на електронската музика.
Moby, кој важи за една од највлијателните фигури во електронската сцена, последниве години повторно активно настапува во живо, а неговите концерти се опишуваат како аудиовизуелни искуства што ја надминуваат класичната концертна форма.
Настанот во Белград се очекува да привлече голем број посетители од целиот регион и да биде еден од најзначајните музички настани во летото 2026 година.
Б.Н.
Previous ArticleЛЕКАР ОД САД ИЗЛЕКУВАН ОД ЕБОЛА ВО БЕРЛИН!
Next Article САША КОВАЧЕВИЌ СЕ ОЖЕНИ И ГО ОЧЕКУВА ПРВОТО ДЕТЕ

