Двајца жители на Велес биле приведени од полициски службеници на СВР Велес откако го нарушиле јавниот ред и мир во казино во градот.
Според информациите од полицијата, на 8 јуни 2026 година околу 01:00 часот биле приведени Џ.А. (46) и Б.Ј. (24), двајцата од Велес, поради дрско и непристојно однесување во казино.
По преземените мерки било утврдено дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Џ.А. биле измерени 1,54 промили алкохол во крвта, додека кај Б.Ј. биле измерени 1,47 промили.
Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат со активностите за одржување на јавниот ред и мир и санкционирање на сите прекршувања на законските прописи.
Деск

