Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е реализирана исплата во вкупен износ од 2.028.714.243 денари на 15.144 тутунопроизводители во државата. Средствата се исплатени како директна поддршка за произведениот и продаден тутун од реколтата 2025 година.
Од Министерството посочуваат дека станува збор за рекордна исплата, која претставува значајна поддршка за тутунопроизводителите и признание за нивниот труд и придонес во земјоделскиот сектор.
Тутунот и натаму останува една од најзначајните стратешки земјоделски култури во земјата, со значително учество во домашната економија и извозот.
Воедно, од Министерството најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со креирање и спроведување мерки насочени кон развојот на земјоделството, зголемување на конкурентноста на производството и обезбедување подобри услови за работа на земјоделците.
Исплатата на субвенциите е дел од континуираните активности за поддршка на земјоделското производство и зајакнување на руралниот развој во државата.
Деск

