-Обвинетите Милјана и Владимир Кецмановиќ во судницата донесоа голем број на дипломи, за да покажат дека нивниот син, момчето убиец од Основното училиште Владислав Рибникар не било занемарено, туку совршено воспитано. Ние не добивме искрен одговор. Добивме одбрана на обвинетите. За мене тоа беше доказ за спротивното. Цело време слушаме приказна за успесите, а истовремено момчето – убиец и самото кажуваше дека било под голем притисок да биде најдобро. Имало таков притисок и од родителите, кажа адвокатот на семејствата на жртвите од Рибникар, Стефан Ќорда за српските медиуми.
Станува збор за случајот со ученикот Коста Кецмановиќ, кој пред да наполни 14 години уби 10 лица во своето училиште, од кои девет ученици и чуварот, а рани уште пет други деца и една наставничка, на трети мај 2023 година.
Денес ќе биде донесена пресудата против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ на кои им се суди бидејќи не ја препознале опасноста, не го ограничиле пристапот до оружје и не обезбедиле соодветен надзор над детето и токму тие пропусти довеле до катастрофални последици за жртвите, нивните семејства и целото општество.
-Откако го изврши масакрот, тој на полицијата и рекол дека е психопат и мора малку да се одмори, да се смири. Мојот впечаток е дека тој на некој себичен начин побегнал од своите родители, се оддалечил на место за кое смета дека е подобро. Иако не знае да објасни како тоа созреал, како што тврди, тој тоа се обидува да го престави во контекст дека сега подобро се чувствува, кажа адвокатот на семејствата од Белград.
Брачниот пар Кецмановиќ пак, бара ослободителна пресуда.

