Автомобилот, „ауди А6“, кој Општина Струга го купи за 67 000 евра, е продаден на јавна аукција за 22 000 евра.
-Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник на Општина Струга, денес беше продадено за 22 000 евра, со што се намалува јавниот долг на нашата општина, објавија од општината.
Судот во Струга донесе пресуда со која утврди дека нема вина во случајот со набавката на службеното возило „Ауди А6“ од страна на Општина Струга, вредно околу 67.000 евра.
Како потсетување, случајот се однесува на периодот кога градоначалник на општината беше Рамиз Мерко, а набавката предизвика јавни реакции поради тоа што општината во тој период имала блокирана сметка поради долгови. Во исто време, државата преку централниот буџет интервенираше со средства за поддршка на општини со финансиски проблеми.
Постапката за јавна набавка беше предмет на судски спор, во кој се тврдеше дека постои сомнеж за ненаменско трошење јавни средства.
Судот во Струга во јуни минатата година пресуди дека набавката е спроведена во согласност со законските процедури и дека не се утврдени неправилности во процесот.
Во образложението се наведува и дека не постојат докази дека поранешниот градоначалник Рамиз Мерко постапувал со намера да обезбеди лична или политичка корист.
Со оваа одлука, судскиот процес за набавката на возилото заврши со ослободителна пресуда.

