Секторот за внатрешни работи Велес ја информира јавноста дека, во рамки на тековниот јавен повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7 Мај“ при Полициската академија, кандидатите ќе имаат можност да ги поднесуваат своите пријави и потребната документација и за време на викендите.
Како што соопштуваат од СВР Велес, приемот на документите ќе се врши во просториите на секторот и во сабота и недела, во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Оваа можност е обезбедена со цел да се олесни постапката за сите заинтересирани кандидати.
Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 дена, не сметајќи го денот на објавување на јавниот повик.
Од СВР Велес апелираат кандидатите навремено да ја комплетираат и достават потребната документација согласно условите утврдени во јавниот повик.

