-Покрај повредите, инцидентот му остави тешки психолошки последици на Љубиша! Тој продава и изнајмува апартмани во Паралија и Олимпик Бич во Грција, што значи дека мора да патува често со авион поради работата. Но, ова искуство го остави екстремно преплашен од летање, вели Василис Циарас, адвокат на Светлана и Љубиша Каровиќ од Србија, кој преживеа драматична ситуација во авион откако декомпресијата делумно го извлекла низ прозорецот на леталото.
Беше спасен благодарение на брзата реакција на неговата сопруга, но и на други патници кои го држеле и го влечеле назад.
Случајот се најде во светските медиуми, а адвокатот на семејството за британски Сан ја критикуваше авиокомпанијата, затоа што не ни стапила во контакт со потресените клиенти.
-Јас сум на седативи, а мојот сопруг Љубиша, само што ќе се спомне авион, започнува да се треси. Во многу лоша психичка состојба сме. Кога се скрши прозорецот во авионот, мислев дека авионот ќе падне, дека ќе бидат изгубени човечки животи, вели Светлана за грчкиот канал ЕРТ.
Настанот се случи минатата недела, за време на лет на авиокомпанијата „Рајанер“ од Солун кон Меминген, Германија, кога кратко по полетувањето дошло до сериозен технички дефект, односно до пукање на прозорецот. Според грчките медиуми, Љубиша се уште е во болница, каде заздравува од повредите и од силниот шок.
Инаку, семејството е од Србија, но живеело во Германија.

