СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на 22-годишниот И.Е. од Велес, кој на 16 јули 2026 година се оддалечил од домот во кој престојувал.
Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен во СВР Велес во 23:15 часот од страна на А.Р.(24) од Велес. Според пријавата, И.Е. престојувал во неговиот дом околу шест месеци, по што се оддалечил во непознат правец.
Од СВР Велес апелираат до граѓаните кои имаат какви било информации за движењето или местото каде што се наоѓа И.Е. да ги споделат со најблиската полициска станица или да се јават на телефонскиот број 112.
Секој податок од јавноста може да помогне во побрзо пронаоѓање на лицето.

