Директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, е суспендирана од работното место, соопшти градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани.
Одлуката за суспензија, според надлежните, е донесена во период кога се спроведуваат проверки и истраги поврзани со состојбата со водоснабдувањето во градот. Лимани посочи дека целта е да се овозможи непречена работа на надлежните институции и да не се влијае врз процесот на утврдување на фактите.
„Не сакаме однапред да утврдуваме вина. Надлежните органи треба да ја завршат својата работа, а сите одговорни лица ќе одговараат доколку се утврди нивна одговорност“, порача Лимани.
Случајот следува по сомнежите за загадување на водата во гостиварскиот водовод, по што беа преземени активности од страна на институциите.
Од Општина Гостивар најавија дека ќе продолжат со следење на состојбата и ќе ги преземат сите потребни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.
Додека трае истрагата, останува да се утврди дали имало пропусти во работењето на одговорните лица и дали постои кривична или друга одговорност за состојбите поврзани со водоснабдувањето.
СУСПЕНДИРАНА Е ДИРЕКТОРКАТА НА ГОСТИВАРСКИ „КОМУНАЛЕЦ“, ДА НЕ УТВРДУВАМЕ ВИНА ОДНАПРЕД, КАЖА ЛИМАНИ
1 Min Read

