-Видов син тунел и бела светлина. Во Југославија доживеав клиничка смрт на 34 години, и паднав во кома поради бактериски менингитис. За среќа, ме префрлија на лекување во Лондон, каде мојот живот беше спасен, раскажувше актерот, опишувајќи го искуството кое засекогаш го променило неговиот поглед кон животот.

Еден од најголемите актери на својата генерација, Доналд Сатерленд, кој почина на 88-годишна возраст, зад себе остави не само незаборавни филмски улоги, туку и неверојатна животна приказна – момент кога, според неговото сведоштво, бил само неколку секунди оддалечен од смртта.
Се случило во 1969 година, за време на снимањето на култниот воен филм „Kelly’s Heroes“ („Хероите на Кели“) во тогашна Југославија. Холивудската екипа снимала во Истра, во околината на Вињада, но и во Нови Сад и околината, каде биле реализирани големите акциони сцени со воена техника.
Токму таму, далеку од Холивудските студија, Сатерленд доживеал најголема животна драма. На само 34 години, ненадејно се разболел – добил висока температура и изгубил сила. Лекарите во Нови Сад откриле дека боледува од тежок бактериски спинален менингитис. Состојбата брзо се влошила, а актерот паднал во кома.
Според неговите зборови, лекарите тогаш немале соодветни антибиотици за неговата состојба, па морале да се борат за неговиот живот со ограничени можности. Подоцна бил префрлен во Лондон, каде продолжил со лекување и постепено се опоравил.
Најневеројатно од сè е што по тешката борба за живот, Доналд Сатерленд се вратил на снимањето и го завршил филмот. Неговата улога на ексцентричниот тенковски командант Одбол подоцна стана една од најпаметените во неговата богата кариера.

