Црвениот крст на Македонија упати апел до граѓаните, компаниите и организациите за солидарност и поддршка на семејствата во Општина Гостивар кои се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење.
Од организацијата информираат дека нивните екипи се на терен и активно спроведуваат хуманитарни активности со цел да обезбедат помош за погоденото население. Активностите ќе продолжат и во наредниот период, со приоритет да се помогне таму каде што потребите се најголеми.
„Во овие тешки моменти, нашата хуманост, солидарност и заедништво се од исклучително значење“, посочуваат од Црвениот крст, нагласувајќи дека секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за семејствата погодени од состојбата.
Од Црвениот крст повикуваат сите кои се во можност да придонесат во обезбедувањето на неопходната помош и полесно надминување на последиците со кои се соочуваат жителите на Гостивар.
Донации во денари можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ:
Сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
Банка: АД Комерцијална банка
Назнака: „Помош за настраданите граѓани во Гостивар“
За донации во странска валута, Црвениот крст ги објави и меѓународните банкарски податоци преку кои може да се уплати финансиска помош.
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Од организацијата упатуваат порака дека заедничката поддршка и солидарноста можат да помогнат на погодените семејства полесно да ги надминат последиците од оваа состојба.

