Речиси да нема некој во земјава, кој не знае за случајот со велешанецот Петре Караманов, кој беше осуден на затворска казна од три години во 2015 година, поради кражба на ќебапи која ја извршил во кафеана во Велес. Настанот предизвика бурни јавни реакции, а добар дел од граѓаните, кои не беа информирани дека всушност не станува збор само за кражба на ќебапи, туку се работи за лице кое и во минатото било осудувано поради бројни кражби и разбојништва, реагираа дека според делото, казната е превисока.
Во време кога му беше изречена казната за украдените ќебапи, но и алкохолни пијалоци и друг вид на прехранбени производи на кои наишол во кафеаната за време на кражбата, тој веќе бил во притвор за друго кривично дело.
И додека се уште не беа стивнати реакциите поради пресудата на Караманов, тој повторно стана актуелен со веста дека на првиот слободен викенд кој му следувал, во 2017 година, не се вратил во затворот и избегал. До денес не е пронајден и вратен на доиздржување на затворската казна.
Околу тоа каде е сега велешанецот кој се прослави со ќебапите, претпоставка е дека живее во соседна Бугарија, бидејќи имал и бугарско државјанство. Активен е на социјалните мрежи, каде оставил лични податоци, дека работи како автомеханичар во Софија. Ако се напише неговото име на пребарувачот Гугл пак, излегуваат огласи на бугарски интернет страници за запознавање, каде лице со неговото име, презиме и возраст, објавило дека е во потрага по жена.
Од Министерството за внатрешни работи за Викимедиа потврдуваат дека Караманов се уште се бара, и тоа со централна и меѓународна потерница. Но, не само за доиздржување на казната за кражбата на ќебапите, туку и за доиздржување на казна за уште едно дело. Му останувале пет години затворска казна, без еден ден, односно четири години, единаесет месеци и 29 дена.
-За лицето за кое прашувате распишана е централна и меѓународна потерница по Наредба на КПУ Идризово, за бегство од затвор. Лицето е осудено за сторено кривично дело „разбојништво“ и „тешка кражба“ на казна затвор од шест години и 11 месеци, а за доиздржување му остануваат уште четири години 11 месеци и 29 дена, информираат од МВР.
Инаку, за делото кое стана познато во јавност само како кражба на ќебапи, а е всушност тешка кражба, предвидена е затворска казна од три до пет години, а Караманов ја добил најниската предвидена казна. Пред тоа, околу десеттина пати бил осудуван на затворски казни, но и на прекршочни казни уште додека бил малолетник.
Вики Клинчарова
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Велешанецот осуден за кражба на ќебапи се уште се бара со меѓународна потерница!
3 Mins Read48 Views