Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна со нова кампања, чија цел е да се поддржат земјоделците, преработувачите и руралните заедници.
Кампањата е насловена „Македонско најдобро: Наша традиција, наша гордост“, а како што информира министерството, ќа ја слави вредноста на македонското производство.
Имено, активна била новата дигитална платформа www.makedonskonajdobro.mk, а во подготовка била и мобилна апликација, преку која граѓаните ќе можат да се информираат за достапност на домашни производи.
-Со интерактивна мапа „Каде да купам“ – за брзо и лесно пронаоѓање на најблиските продажни места со македонски производи.
Во подготовка е и мобилна апликација, која ќе овозможи граѓаните брзо, едноставно и во секое време да дојдат до информации за достапноста на домашните производи директно преку апликацијата од нивниот телефон.
Кампањата има за цел:
– Да го зајакне домашното земјоделско производство
– Да поттикне свест за квалитетот на домашните производи
– Да го олесни пристапот на граѓаните до локални производи
-Да создаде стабилна поддршка за нашата економија, информираат од министерството.
Од таму упатуваат повик до сите земјоделци, преработувачи и продажни центри, да се регистрираат и да станат дел од иницијативата.
Деск
Преку мобилна апликација ќе се пронаоѓаат најблиските продажни места со домашни производи!
1 Min Read

