Билјана Јандреска Андоноска од Прилеп (34), мајка на две малолетни деца, од вчера е исчезната и по неа семејството и полицијата активно трагаат.
Од својот дом во село Крушеани таа заминала вчера во околу 10.00 часот, со својот автомобил Ауди А4, со темно маслинеста боја, со регистарски таблички PP 7822 AG.
Како што појаснува за Викимедиа нејзината сестра Соња Јандреска, Билјана имала семејни проблеми и била среде бракоразводна парница. Токму поради лошиот период низ кој минувала, тие се загрижени дека би можела да си наштети.
-Апелираме до цела јавност, доколку некој ја видел сестра ми, веднаш да пријави во полиција. Ако некој го забележал нејзиниот автомобил , исто така замолуваме да информира во полиција. Премногу сме загрижени, Билјана минуваше низ тежок животен период.
Последната информација која ја добивме е дека вчера била забележана во Битола, во Голд Фелиција, имаме и доказ од камера. Друго ништо не знаеме, и се губи трагот сосема.
Таа е облечена во бела блуза, сина сукња, има плава коса, висока е 160 сантиметри, слаба жена е, околу 50 килограми, појаснува сестрата на Билјана.
Вели дека Билјана со себе носела лични документи, а мобилниот телефон и бил недостапен од вчера, од околу 11.30 часот. Со себе имала околу 2.000 денари, а семејството не е сигурно дали имала и поголема сума на пари, бидејќи неодамна аплицирала за брз кредит.
Уште еднаш, замолуваат доколку некоја ја види Билјана и нејзиниот автомобил, веднаш да ја алармира полицијата.
Инаку, Билјана е позната како автор на неколку книги со проза и поезија.
Вики Клинчарова