Девојче на возраст од 16 години, дојдено од Германија на одмор во Македонија, е исчезнато и се трага по него.
На социјалните мрежи веќе се споделува фотографија од девојчето, со апел доколку некој има било каква информација, да пријави во полиција. Според објавените детали, тинејџерката последен пат била видена во населбата Шуто Оризари.
Од МВР за Викимедиа го потврдија случајот.
Известуваат дека денес околу 01.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, мајката го пријавила исчезнувањето.
-На 25.07.2025 околу 01.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Е.Ј.(46) од Скопје, со привремен престој во Сојузна Република Германија, пријави дека од домот каде престојувала, се оддалечила нејзината ќерка Е.В.С.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од министерството.
Деск

