Голем број на екипи моментално се на терен и од рано утрово ја продолжија потрагата по 16-годишното девојче кое потона во водите на Вардар вчера попладне, кај селото Улацни, Градско.
Како што информираат од СВР Велес, се трага од копно и во вода, а присутни биле екипи на Специјалните единици на МВР, Специјалните сили Волци, чамец со тим за претраги во вода- нуркачи, припадници на Армијата, како и тимови од Дирекцијата за заштита и спасување.
За настанот синоќа информираше Центарот за управување со кризи.
Девојчето заедно со уште едно женско лице на возраст од 26 години влегле во реката за да се разладат, но набргу потонале. Сестрата на девојчето по кое се трага веднаш повикала помош, по што започна пребарувањето на Вардар, и набргу 26-годишната девојка беше пронајдена жива.
Во вечерните часови потрагата беше прекината поради немање услови, а како што истакнаа од СВР Велес, продолжила со засилен интензитет во раните часови денес, веднаш штом се создале услови.
Деск

