Голем број на граѓани на социјалните мрежи, а и одредени медиуми, денес објавија фотографии и вест дека во Охридското езеро гори брод, а граѓаните се евакуирале.
Сепак, како што појаснуваат од МВР, нема место за паника, бидејќи се работело за вежба.
Од министерството се огласија со демант, појаснувајќи дека станува збор за настан кој е во склоп на караванот ,,До вас, за вас”.
-Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР
Министерството за внатрешни работи ги демантира невистините објавени во дел од порталите дека наводно се запалил брод во Охридското езеро и дека во тек е евакуација. Станува збор за вежба организирана од страна на МВР, а во склоп на караванот ,,До вас, за вас”.
Апелираме да не се шират невистини кои предизвикуваат несигурност кај граѓаните, истакнаа од министерството.
Министерот Панче Тошковски исто така информираше дека денес во Охрид во рамки на кампањата насловена како „До вас, за вас“ се сретнал со охриѓани и со сите граѓани и туристи на градското пристаниште и градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
-Според планираното сценарио, беше спроведена вежбовна активност во која учествуваа полициски службеници од СВР Охрид, граничната полиција при регионален центар „Запад“, Единицата за брзо распоредување, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, Црвен крст и територијалната противпожарна единица од Охрид.
Преку овој караван, средбите и дружењата со граѓаните создаваме услови за поблиска комуникација и интеракција со граѓаните.
Граѓаните имаа можност да се запознаат со нашите капацитети, опрема и да го запознаат чесниот и пожртвуван полициски службеник кој секогаш е во служба на граѓаните, а преку заеднички активности презентиравме дел од активностите кои ги преземаме за одржување на јавниот ред и мир, соопшти министерот.
Деск
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.