Денес беше пуштен во употреба новиот базен во рамки на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“. Станува збор за модерен базен од затворен тип. Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека овој базен ќе служи и за наставниот процес, но и за спортистите, клубовите, младите, децата и семејствата од цела Кисела Вода.
Тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и за разбирањето на важноста на капиталните инвестиции во спортот, како и на министерот за спорт Борко Ристовски кој покажал дека вистинските приоритети не само што се препознаваат, туку и се реализираат.
Премиерот пак, најави изградба на уште четири затворени базени до крајот на летото.
-Базенот во општина Кисела Вода е еден од петте базени кои беа почнати од страна на поранешната Агенција за млади и спорт во 2020 година и беа оставени недовршени со реализација од околу 20%.
По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од 6 месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото, изјави Мицкоски.
Деск

