Од платформата Икрауд информираат за онлајн измама со донации, за случај креиран со вештачка интелигенција, за наводно болно дете, и според податоците објавени на страницата за донации, веќе се собрале над 26.000 евра, најчесто донирани од граѓани од Македонија и Бугарија.
Од платформата посочуваат дека такво правно лице не постои, а сите кои веќе донирале, да ги достават свои банкарски изводи во Министерството за внатрешни работи.
-Низ онлајн просторот кружи вирална објава за донации со име ,,Не можам да ја издржам болката додека гледам како полека исчезнува” со која онлајн се собираат средства за експериментален третман на извесно детенце Даниел.
Објавата е ставена на домен https://be.dawnofchild.org/ и е наводно организирана од фондација DAWN OF A CHILD INC. од САД.
Сакаме да го свртиме вашето внимание дека такво правно лице не постои (види доказ во слика). Досега се собрани значителни средства и има речиси 1.000 донатори од кои многумина во Македонија и Бугарија. Доменот е регистриран во Исланд, каде што многу често измамниците регистрираат домени со цел да го скријат својот идентититет. Станува збор за измама, не наседнувајте на истата.
Линк до објавата очигледно креирана со вештачка интелигенција – https://be.dawnofchild.org/danielm, известуваат од Икрауд.
Апелираат до граѓаните да ја прошират веста за да не се лажат останатите и да ги охрабрат оние кои наседнале да пријават во МВР, за полицијата да влезе во трага.
-Тие што наседнале, имате траг во своите банкарски изводи и истите доставете ги во МВР кој има право лесно да добие податоци за измамниците. Исто, доколку сте се претплатиле, веднаш барајте од матичната банка да ви ја укине претплатата за да не ви се одземаат средства секој месец, известија од Икрауд, кој е донациски сервис и краудфандинг платформа во Македонија.
Деск
Измамници собрале над 26.000 евра донации за случај креиран со вештачка интелигенција, од Икрауд алармираат, донаторите да пријават во полиција!
2 Mins Read

