Во сообраќајна несреќа која се случи околу 15 минути по полноќ, на излезот од Неготино кон Кавадарци, тешко е повредена 27-годишна девојка од Кавадарци. Според информации од СВР Велес, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило кое го управувала девојката, и товарно моторно возило со полуприколка, управувано од 36-годишно лице од село Возарци.
-Денеска (31.07.2025) во 00:15 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Неготино- Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од с.Возарци, кавадаречко и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 27-годишната Т.Ј. од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ј., констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино, известија од СВР Велес.
Деск

