Променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи не очекува утре (понеделник) и во вторник, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот на утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.
И во Скопје е најавено променливо облачно и нестабилно време за утре и во вторник. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Деск

