Српскиот хип-хоп музичар Стефан Ѓуриќ – Раста, кој завчера беше лишен од слобода пред настапот во Охрид, поради поседување на опојна дрога, марихуана, бил пуштен на слобода. Сепак, како што објавија српските медиуми, поради задржувањето во Македонија, тој го пропуштил роденденот на неговата ќерка Тара, која ја доби со пејачката Ана Николиќ.
Од неговиот тим синоќа излегоа со соопштение за јавноста, во кое посочуваат дека по кратко административно задржување, со целосна соработка, Раста бил пуштен и продолжувал со своите активности без запирање.
-Им се заблагодаруваме на фановите во Македонија за големата поддршка, разбирање и трпение. Искрено се надеваме дека наскоро ќе имаме можности за ново дружење.
Стефан лично ќе и се обрати на јавноста кога ќе дојде вистинскиот момент за тоа, и ги молиме медиумите одговорно да известуваат, наведено е во соопштението на Балкатон Ганг, кој стои зад музичарот.
Од СВР Охрид вчера го потврдија случајот и истакнаа дека по негово целосно документирање, против Раста ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск