Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија како земја членка на РОАДПОЛ, од 04 до 10 август се приклучува во европската акција на мерење на брзината на движење на возилата која ќе се реализира низ цела Европа, известија од министерството.
Од таму информираат дека контролите ќе бидат спроведени низ цела држава и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
-Акциски контроли ќе се спроведуваат на територијата на цела држава со цел да се откријат возачи кои го управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
Министерството за внатрешни работи продолжува интензивно со сообраќајните контроли. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Да бидеме одговорни. Да ги почитуваме ограничувањата. Да спасиме животи, порачаа од МВР.
МВР се приклучува во европска акција за мерење брзина: Ќе има контроли низ цела земја!
1 Min Read