Синоќа во Богомила била спречена поголема катастрофа, откако преку отворен прозор во тамошниот Рекреативен дом, во кој престојуваат пензионери, но и младинци, била фрлена петарда.
Петардата предизвикала пожар во собата, кој за среќа гостите успеале да го изгасат навремено.
-На 08.08.2025 околу 22:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во рекреативен дом во село Богомила, преку отворен прозор во една од собите била фрлена петарда од која настанал пожар во собата.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од гостите во домот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, потврдија од полицијата.
Од таму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Рекреативниот дом со преноќиште во Богомила беше отворен пред девет години, и има 30 легла. Сместен е во поранешната Општинска зграда, а во негово обновување и опремување велешкото здружение на пензионери тогаш вложи околу 35.000 евра.
Деск

