Со тешки телесни повреди се здобил 25-годишен мотоциклист, кој во раните утрински часови удрил во паркирано возило во Велес, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
По настанот, повреденото момче било пренесено во велешката болница.
-На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, 25-годишниот М.Џ. од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од А.М.(30) од Горно Јаболчиште, општина Чашка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес, соопштија од полицијата.
Деск

