Вкупно 20 пожари биле регистрирани во изминатите 24 часа, од кои 18 биле целосно изгаснати, еден ставен под контрола, а активен бил пожарот во Националниот парк Јасен, информира Центарот за управување со кризи.
-На ден 11.08.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С. Македонија има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни 1 пожар, под контрола 1, и изгаснати 18 пожари.
Активен е во Општина Македонски Брод, Национален Парк Јасен каде гори мешана шума.
Под контрола е во Општина Ресен, село Долно Дупени, каде гори дабова шума и ниска вегетација, соопшти ЦУК.
Изгасени биле пожарите во Општина Струга, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крушево, Куманово, Ранковце, Врапчиште, Штип, Прилеп, Сарај, Бутел, Гази Баба, Желино и Боговиње.
Деск

