Туристи од Србија кои биле на одмор во грчкото летувалиште Олимпик Бич во близина на Катерини, тврдат дека биле ограбени. Тие алармираа за настанот на социјалните мрежи, во групата Live from Greece, и како што посочуваат, од студиото во кое биле сместени, од ташна им биле украдени 1.300 евра.
Јавно објавиле за немилиот настан, со цел да ги предупредат останатите туристи да бидат вниамтелни, и да не оставаат поголеми суми на пари во апартманите во кои се сместени.
Како што појаснуваат, случајот бил пријавен во полиција, од каде им кажале дека во регионот биле забележани повеќе кражби периодов.
Инаку, Олимпик Бич важи за честа летна дестинација на голем број туристи од Македонија и соседна Србија.
Деск

