Лишен од слобода е виничанецот кој пред пет дена изврши обид за убиство, нанесувајќи му четири убодни рани со нож на свој сограѓанин, по што се дал во бегство.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот.
-Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница по претходно обезбедени оперативни сознанија, вчера вечер (11.08.2025) во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода Н.В. (32) од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница.
Имено, Н.В. по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство, соопштија од МВР.
Од таму додаваат дека е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Деск