Поп пејачките Тамара Тодевска и Каролина Гочева ќе бидат музички гости на Струмица Опен Фестивал 2025. Настапот на Тамара е најавен за вечерва од 22.00 часот. Пред неа пред публиката ќе се претстават Анастасија и Никола, во 20.30 часот, по чиј настап следува Битолскиот камерен оркестар со изведба на The Greatest MTV Hits 80s & 90s.
Каролина пак, пред струмичани ќе пее утре, со почеток од 20.30 часот. Пред неа настапува Ana & The Girls, а по концертот на Гочева е закажан настап на The Ringtones.
Ова е 14-то издание на СОФ во Градски парк Струмица и се состои од три музички вечери. Првата вечер помина во знакот на музичарот Џоко Ѓоргиев, кој трагично го изгуби животот во пожарот во Кочани на 16-ти март.
Деск