Светски популарниот Лабубу дојде во Кавадарци, односно во склоп на Кавадаречко културно лето 2025 се одржа забава со маскотата која го освои светот.
Илјадници посетители се дружеа и позираа покрај маскотата, која е вистински тренд и често може да се забележи како додаток на женските ташни.
Оваа плишена играчка е дел од колекцијата креирана од дизјанерот Касинг Лунг од Хонг Конг. За првпат се појавила на пазарот во 2015 година, но големата популарност ја стекна дури во 2024 година, откако Лиса, членка на Блекпинк бендот, се појави во јавност, носејќи Лабубу како приврзок на својата ташна.
Денес има околу 300 дизајни на Лабубу, чии цени се движат од 15 евра, па се до 960 евра, за оние со поголема димензија.
Во Пекинг, на првата Лабубу аукција, фигура висока 1,2 метра во јуни беше продадена за 170.000 евра.
Голем број на светски познати јавни личности често можат да се забележат со оваа играчка која истовремено е и моден додаток, а компанијата која го произведува Лабубу забележала огромни приходи, односно дури 1,8 милијарди долари во 2024 година.
Деск