Познатиот хеви метал и хард рок состав ,,Дивље јагоде” доаѓа во Битола и ќе одржи концерт на Ракометното игралиште. Настанот е во склоп на С.О.С. Фестивал, а покрај Јагоде, на истата сцена ќе настапат и ,,Нокаут” и диџеј Чико.
Музичкиот спектакл ќе се одржи на 29-ти август со почеток од 20.00 часот, а влезниците по цена од 900 денари се пуштени во продажба.
Од организацијата на фестивалот велат дека Битола ќе биде домаќин на еден од најмоќните концерти ова лето.
Потсетуваат на фронтменот на бендот, Зеле Липовача и неговата умешност на соло гитарата, на 12-те студиски албуми на бендот, како и на хитовите кои со генерации се пеат. Со изборот на музичките гости, најавуваат не само концерт, туку музичка историја во живо.
Деск