Министерството за внатрешни работи поднело пријава против лице од Крива Паланка, кое на возилото врзало куче и го влечело. Настанот ја вознемири јавноста и се бара најостра казна за сторителот на делото.
-На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел.
По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава, соопштија од МВР.
Активисти за заштита на животните информираат дека кучето е згрижено, и за него се бара дом.
-За среќа, благодарение на брзата интервенција на МВР и АХВ кучето е најдено, одземено, згрижено и е во стабилна состојба. Доколку некој сака да го вдоми, може да се отпочне со процедура следната недела додека да закрепне од траумата. Лицето кое го изврши ова грозоморно дело е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни постапки и од страна на АХВ и од страна на МВР, објавено е на официјалната страница на Здружението за заштита на животните Анима Мунди.
Деск