Маж од Неготино на возраст од 51 години се здобил со тешки телесни повреди, откако на улица во градот се откачил метален предмет од камион. Повредениот се движел по улицата со мопед, и во моментот кога сакал да го заобиколи металниот предмет, паднал на коловозот, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 15.08.2025 во ОВР Неготино е пријавено дека во 07:10 часот, на улица „Фемо Кулаков“ во Неготино, Д.Т.(51) од Неготино, управувајќи мопед со неготински регистарски таблици, паднал на коловозот откако се обидел да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(36) од Кавадарци, кое се движело по улицата. Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци, известија од СВР Велес.
Од таму додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Деск

