Мотоциклист почина откако удрил во паркирано возило на регионалниот пат Велес– Градско, известија од Секторот за внатрешни работи Велес. Настанот се случил вчера, а возилото во кое удрил мотоциклистот било паркирано надвор од коловозот.
– На 15.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека околу 15:48 часот на регионалниот пат Велес– Градско, наспроти наплатна станица Стоби, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(52) од Градско, удрил во патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Велес.
Извршен бил увид од страна на јавен обвинител, во содејство со увидна екипа од СВР Велес.
Деск

