За време на викендот на градскиот базен во Виница музичкиот состав „Инструментал Бенд“ одржа уште еден спектакуларен концерт на кој присуствуваа повеќе од 1.500 гости.
Неполн месец по јубилејниот концертот кој го одржаа по повод 20 години постоење на музичкиот состав и бренд, момците од „Инструментал Бенд“ направија вистински спектакл во Виница. Во еден глас заедно со бројната публика до доцните часови ги пееја најголемите регионални хитови, но и бројни македонски евергрини.
– Публиката во Виница е посебна, знаат одлично да се забавуваат и да не испочитуваат, па секогаш доаѓаат во огромен број. Тука е убаво и мило ми е што низ целата година имаме настапи во овој прекрасен град. Веќе со нетрпение го очекувам следното дружење тука во Виница, но ги поканувам нашите пријатели и обожаватели да дојдат на нашите концерти и во другите градови, порача гитаристот Никола Стојановски од „Инструментал Бенд“.
Деск

