Се уште гори во Националниот парк Јасен, а огнот се приближил до зелениот пат кој е линија за да не се префрли од другата страна.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денес во видео обраќање кажа дека заврнало многу малку, и дождот не го изгаснал пожарот, во чие гасење се ангажирани повеќе противпожарни екипи.
-Се работи за екстремно стрмен терен, и исклучително е ризично да се спуштаат луѓе. Ќе дејствуваме со двата ер-трактори и со полицискиот хеликоптер, и ќе дадеме се од себе да го ставиме под контрола пожарот на Јасен, порача Ангелов.
Деск

