По една година откако од Народниот театар во Штип замина во пензија, популарниот актер, музичар и шоумен Раде Рогожаров (65), вечерва се враќа на сцената.
Штипјанецот кој важи за еден од најпозитивните јавни ликови, вечерва настапува на кумановскиот Тумба Фест.
Песната која ќе ја изведе е насловена ,,Пазарџии”, а зад неа стои интересен тим.
Текстот е на композиторот Ристо Вешков и Љупчо Бубо Каров, а музиката и аранжманот се на Ристе Тушевски.
Композиторот Ристо Вешков минатата недела за Викимедиа раскажа дека уште додека го пишувал текстот, размислувал дека Рогожаров најубаво ќе може да ја испее. Потоа, Тушевски му се јавил на Раде, кој без двоумење ја прифатил понудата.
Вечерва Тушевски објави фтографија на која позираат заедно со Раде и со композиторот Ристо Вешков, пред започнувањето на фестивалот во Куманово.
На Фестивалот на хумористична песна Тумба Фест ќе настапат 18 изведувачи. Истиот е во склоп на манифестацијата Кумановско културно лето.
В.К.

