Во тек на вчерашниот ден во Кавадарци била пронајдена корозирана авионска бомба, извести Секторот за внатрешни работи Велес.
Кавадарчанецот кој ја забележал за градилиште во градот, веднаш пријавил во полиција.
-Вчера во 09:20 часот во ОВР Кавадарци, Т.Д.(39) од Кавадарци пријавил дека во градилиште на улица „Нов Белград“ во Кавадарци пронајдена корозирана авионска бомба. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, а денеска бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, известија од СВР Велес.
Деск

