Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје на партијата Левица, а кандидатурата ја објави на прес конференција.
Тој влегува во трка за градоначалнички мандат со актуелниот градоначалник на Општина Кисела, Вода Орце Ѓорѓиевски кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а на СДСМ е поранешната министерка за екологија Каја Шукова.
-Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, порача Мециновиќ, кој е актуелен пратеник во Собранието.
Како приоритети ги истакна јавниот превоз, јавната чистота, борбата против загадувањето… Кажа дека четири години за сето тоа се бореле како советничка група во Совет на Град Скопје.
Деск

