Денеска присуствував на увид на градежни активности на санација на хидросистемот Ѓавато во Општина Богданци, и како што кажа и заменик-министерот во МЖСПП, Ане Лашкоска детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, практично цевки коишто треба водата да ја донесат до базенот од каде со други пумпи потоа водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро, што значи дека се трошат ресурси за систем којшто 3, 4 години функционира вака со расипан цевковод, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Тој вели дека во најскоро време ќе се оспособат четири потопни пумпи, со што Дојранското Езеро ќе го добие изгледот кој го заслужува.
-Морам да споменам дека станува збор за 2 бунарски потопни пумпи, капацитетот е 10, другите 8 не работат. Овие 2 имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја иако вкупниот капацитет на хидросистемот е 1 кубик односно 1.000 литри во секунда.
Во периодот којшто следи планираме најмалку во најскоро време 4 да оспособиме, а потоа уште дополнителни 2 со што цениме дека ќе биде исцрпен целосно капацитетот за во најскоро време Дојранското Езеро да го добие оној изглед којшто заслужува да го добие.
На следната седница на Влада ќе донесеме одлука фабриката за опрема и делови, при склоп на РЕК Битола две да демонтира, да ги санира и потоа да ги монтира. Во комуникација со инженерите од РЕК Битола добив информација дека во рамките на 10 дена од демонтажа до монтажа и тие ќе бидат целосно санирани, порача Мицкоски.
Деск

