Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка е измамена за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, вчера во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци.
-Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција.
Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави министерството.
Деск

