Во пожар кој настанал на сува трева, па потоа се проширил, изгоре лозје и овоштарник во атарот на Дебриште, кавадаречко, известува Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 21.08.2025 во 15:25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во атар на село Дебриште, росоманско, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил нива со лозов насад и родни дрва, сопственост на К.Ѓ.(68) од село Дебриште. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кавадарци, соопштија од СВР Велес.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Деск

