Амбасадорот на Австралија со седиште во Белград, Питер Трасвел, вчера беше во посета на Скопје. Освен што се сретнал со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, тој се пофали и со средба со легенадарниот музичар Ник Кејв, кој синоќа одржа концерт на Стадионот на АРМ во Скопје.
-Среќен сум што ја сретнав легендата на австралиската и глобална музичка сцена, Ник Кејв. Едвај го чекам неговиот концерт во Скопје вечерва, објави тој вчера претпладне.
Инаку, Кејв по потекло е од Австралија, а синоќа за првпат одржа концерт во Македонија.
На средбата на Трасвел со Муцунски пак, било разговарано за можностите за интензивирање на соработката во областа на економијата, туризмот, културната размена и образованието, а било разговарано и за теми поврзани со македонската дијаспора во Австралија, која има значајна улога во зајакнувањето на врските меѓу двете држави, а беа разменети и мислења за актуелните глобални предизвици и меѓународни околности.
В.К.

