Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање ,,Мостови”, вечер на Мостот на поезијата завршува 64-то издание на Струшките вечери на поезијата.
Фестивалската награда Златен венец ќе му биде врачена на словачкиот поет Жан Пјер Симеон. Наградата Браќа Миладиновци за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде доделена на македонската поетеса Јулијана Величковска за збирката ,,Рајсфершлус”, додека признанието ,,Мостови на Струга” што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант ќе му биде врачено на Матеуш Шимчиќ од Полска за книгата ,,Потребни се извори”.
По завршување на меѓународното поетско читање ,,Мостови” ќе биде прогласен и добитникот на наградата ,,Енхалон”.
Покровител на манифестацијата е претседателката Гордана Силјаноска Давкова, а финансирана е од Министерството за култура и туризам.
Деск

