Во вечерните часови вчера, маж од Кавадарци бил удрен од возило во неговиот двор, и бил повреден. Од Секторот за внатрешни работи Велес информираат дека повредениот кавадарчанец го пријавил настанот утринава, околу половина час по полноќ, но официјални детали околу тоа како се случило да биде удрен од патничко возило внатре, во сопствениот двор, се уште нема.
-На 24.08.2025 во 00:30 часот во ОВР Кавадарци, Д.Н.(53) од Кавадарци пријавил дека на 23.08.2025 околу 22:30 часот во дворот од неговиот дом, бил удрен од патничко возило, кое го управувал Д.С., при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.
Деск

