Општина Лозово го најави настанот Овчеполски Гроздобер Лозово 2025, кој ќе се одржи на шести и седми септември. На истиот ќе настапат Анабела и Амадеус Бенд, а градоначалникот Бошко Цветковски најавува спектакл кој ќе се паметел.
Концертот на Аанабела е закажан на шести септември од 22.00 часот во новиот Амфитеатар. Истиот ден настап ќе има и ФА Кочо Рацин од Лозово. Амадеус Бенд пак, ќе настапи на седми септември.
-Овчеполието, а особено Лозово, е препознатливо по своите обработливи ниви и родовити плодни земјишта, што ја прави идеална позиција за виногради. Овде, винските култури процветуваат, откривајќи потенцијал да произведат висококвалитетни вина. Високите температури, сончевите денови и плодните почви допринесуваат за одлични вински реколти.
Општина Лозово снабдува многу винарии со грозје од овој регион и грозјето од овде претставува гордост за македонската винска индустрија. Вината од овој регион го отсликуваат автентичниот карактер на Овчеполието и ја претставуваат македонската винска традиција на најдобар начин.
Со секоја чаша вино од Општина Лозово, може да се вкуси радоста од богатството на земјоделскиот раскош на регионот, создадена од рацете на локалните жители кои ја работат и ја берат секоја година со љубов и страст. Овој регион има несомнено потенцијал да се развие во важен хубли за винската индустрија на Република Македонија и да привлече туристи со своите вински туризам и уживање во богатите гурмански и културни доживувања, соопшти градоначалникот Цветковски.
В.К.
Лозово ќе слави гроздобер со Анабела и Амадеус Бенд, градоначалникот Цветковски најавува спектакл кој ќе се памти
2 Mins Read
Previous ArticleМицкоски: СДСМ ја уништија и сопствената партија!

