Во понеделник на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи забавата ,,За среќен почеток на учебната година”, информира градоначалникот д-р Горан Стојанов. На истата ќе настапи Диџеј Боно, а предвидена била и богата забавна програма, за одбележување на почтокот на новата школска година.
-Во понеделник на први септември започнува новата учебна 2025/2026 година, а по тој повод Општина Неготино на градскиот плоштад организира забава за учениците, родителите и сите заинтересирани.
Настанот под мотото ,,За среќен почеток на учебната година” ќе се одржи во понеделник со почеток од 16.40 минути, а за сите присутни на плоштадот како организатори подготвивме богата и разновидна програма.
За забавата и расположението ќе се погрижат Диџеј Боно, присутни ќе бидат и Стела и Сани, а настап ќе имаат и ученици од ООМУ Владимир Арсовски од Неготино.
Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани на нашата општина да повелат на плоштадот и заеднички да го одбележиме почетокот на новата учебна година, соопшти градоначалникот.
Деск

