Денеска извршивме увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница Крива Паланка, информира премиерот Христијан Мицкоски.
Додава дека сака да изрази голема благодарност до потпретседателот на Владата и министер за транспорт, до директорот на Јавното претпријатие за „Државни патишта“, до пратеникот во македонскиот парламент, до сите вработени во министерството, во јавното претпријатие „Државни патишта“, и до сите оние коишто придонесувале државата денес да се гради како никогаш.
-Имаме повеќе од 1.200 градилишта — нешто што досега не се случило.
Повеќе од половина милијарда само средства финансирани од страна на централниот буџет кон општините. Ако праксата во минатото беше државата да се краде, сега е пракса да се гради. И така ќе продолжи во годините коишто следат, истакна Мицкоски.
Деск

