Две лица се приведени поради сомнеж дека го предизвикале пожарот кај Тиквешко езеро, Кавадарци, кој вчера го гасеа авиони од ДЗС и други противпожарни екипи, и на терен околу гасењето беа вклучени околу сто лица.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи велес, вчера во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по превземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко.
-Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот, соопштија од СВР Велес.
Деск
Приведени две лица поради вчерашниот пожар на Тиквешко Езеро, кој го гасеа авиони!
1 Min Read

